На подрачјето на Тетово затворени 4 угостителски објекти, затекнати 27 лица без ковид-сертификат, изречени глоби
Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи вчера (11.02.2022) беа извршени инспекциски надзори во десетина угостителски објекти и казина на територијата на Тетово и околните населени места.