4 лица приведени поради незаконит лов, од возилото одземено и застрелано диво животно
На 28.12.2021 во 00:45 часот во с.Сопотница, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар ги лишиле од слобода А.Т.(24), Ф.Х.(22), Х.Х.(24) и Ќ.Х.(26), сите од село Житоше, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.