Гостиварчанец крвнички ја претепал неговата поранешна сопруга, ОЈО поднесе обвинение
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против 28-годишен жител на Форино, кој се товари дека при вршење семејно насилство сторил кривично дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.