Запленета дрога во вредност од околу 200.000 евра, пресечен меѓународен транспорт од Албанија за Грција
На 20.10.2021 во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјална антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Прилеп пресечен е меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, од Р.Албанија преку нашата држава со крајна дестинација за Република Грција, во вредност од околу 200.000евра