Во село Дрен, демиркаписко, вчера околу 8 часот бил пронајден починат Ш.У.(24) од Авганистан, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Шеесет и двегодишен жител на Скопје е уапсен утрово во 7:50 часот на ул.„23 Октомври“, поради сомневање дека ја убил неговата 84-годишна мајка во нејзиниот дом во скопската населба Аеродром.
Поради поседување недозволени психотропни супстанци, две лица на возраст од 21, односно 28 години, се притворени во полициската станица во Делчево.
Основното јавно обвинителство – Гостивар поведе постапка против 43-годишен гостиварец, за кој постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1 и „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик
На 14.10.2021 во 16.10 часот во с.Долно Соње, општина Сопиште, полициски службеници од Оперативен тим потраги ја лишиле од слобода А.В.М.(46) од Скопје која се барала со потерница за издржување затворска казна
Државјанин на Турција е приведен на Граничниот премин Делчево, поради поседувањето туѓа патна исправа.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Б.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
На 14.10.2021 во 08.40 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во објект на АД „Пошта на Македонија“ во с.Миладиновци и бил одземен сеф во кој имало 84.000 денари и писма.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(45) од с.Опае, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“.
На 14.10.2021 во 14.50 часот во СВР Скопје, Д.Н.(54) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот во маркет на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Н.З.(41) од Скопје.