Расчистена кражба на возило, приведен крадецот, возилото вратено на сопственикот
На 12.10.2021 во 14.45 часот на ул.„Крушевска Република“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле до слобода Ф.Т.(22) од Скопје поради сомнение дека на 09.10.2021 на ул.„Народни херои“ одзел патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(30) од Скопје