И тоа се случи во Македонија: Кривична пријава за извршителка, за долг од 40.000 денари ставила на продажба недвижност во вредност од 15.000 евра
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.К.(48) од Штип, поранешен извршител именуван за подрачје на Куманово, Кратово и Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотеба на службена положба и овластување“.