Државјанин на Република Турција додека бил на одмор во Охрид физички ја нападнал сопругата, МВР го приведе
На 23.08.2021 во 20.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.Т.(40) од Р.Турција, со живеалиште во САД, затоа што во 19.00 часот во куќата на родителите на неговата сопруга С.А.(39) од САД, по претходна семејна расправија, физички ја нападнал неа и со остар предмет им се заканил на сите присутни во куќата.