Жител на Богданци влегол во дом на негов познаник, барал 75.000 денари како надоместок за извршена работа
Во моментот кога осомничениот застанал со сорот во раката над оштетениот, се разбудила сопругата на оштетениот и почнала исплашено да вика. Од викањето оштетениот се разбудил, а осомничениот држејќи го сорот во раце, започнал да упатува сериозни закани кон оштетениот за да му даде пари во износ од 75.000 денари.