Тетовчанец нашол платежни картички со пин кодови па со нив пазарел и вадел пари, МВР му поднесе кривична пријава
На 06.02.2021 во Тетово, пријавениот пронашол паричник на лице од Тетово, кое претходно го изгубило, во кој имало пари и платежни картички со пин кодови. После тоа, од банкомати на две банки подигнал пари и пазарувал од еден маркет, по што ги искршил и фрлил картичките.