100 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
Полициски службеници од СВР Битола спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 100 возачи. Од нив, 42 возеле побрзо од пропишаното надвор од населено место, а 58 во населено место.