Битолчанец и Скопјанец се степале во КПУ „Идризово“
Во СВР Скопје, вчера околу 18.50 часот било пријавено дека во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“, по претходна расправија, затвореникот Р.Е. (36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П. (27) од Скопје, соопштија од МВР.