Приведен Скопјанец кој крадел велосипеди
Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, денеска врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на Е.Х.(29) во село Визбегово, скопско, при што биле пронајдени одземени седум велосипеди, кои потекнуваат од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.