Акциски контроли на сообраќајот на делницата Јажинце-Тетово-Гостивар-Дебар
Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Јажинце-Тетово-Гостивар-Дебар, а во текот на вчерашниот ден санкционирани се 234 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, од кои 23 се движеле со брзина над 70 километри на час над дозволената брзина, а 111 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина.