Приведени двајца крадци во гостиварско, расчистени десетина кражби
На 22.03.2021 во 22.30 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.Д.(20) и К.Д.(22), двајцата од Република Албанија, кои времено престојувале во куќа на жител од ова гостиварско село, поради сомнение дека минатата и оваа година извршиле десетина тешки кражби во поширокиот регион на Врапчиште.