Железничка несреќа помеѓу товарен воз и патничко возило кај Велес, нема повредени
На железничкиот патен премин Велес-Згрополци-Велес вчера се случила железничка несреќа помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Згрополци-Велес и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(55) од с.Кадино, скопско. Во незгодата нема повредени лица