44 годишна државјанка на Бугарија во Делчево го нападнала својот невенчан сопруг
На 16 март во 22:00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишиле од слобода Б.Д.В.(44) од Република Бугарија, со привремено живеалиште во Делчево, бидејќи претходно со остар предмет се заканувала на нејзиниот невенчан сопруг и неговите родители.