Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција
АНА-МПА пишува дека „претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска, тврдеше дека нејзината земја во голема мера ги исполнила своите обврски кои произлегуваат од Договорот од Преспа, додека изрази сомневање дали истото може да се каже и за Грција“.