Спасен англиски турист, кој од карпа паднал во Охридско Езеро
Спасено е лицето, кое попладнево паднало од карпа во водите на Охридското Езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Лицето се здобило со телесни повреди, а по преземените мерки констатирано е дека се работи за С.М.А.(45) од Англија.