Приведени десет лица по масовна тепачка во Карпош, физичката пресметка ја продолжиле и на Клиника
Полицијата вчера привела десет лица, меѓу кои тројца малолетници, поради физичка пресметка поради нарушени меѓусоседски односи која настанала на подрачјето на Карпош, а потоа продолжила и на Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.