Скопјанец обвинет за убиство на сопствената баба
- На 18 јануари, при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, обвинетиот со умисла ја лишил од живот сопствената баба. Додека жртвата јадела, тој ја нападнал, започнал да ја удира по главата и телото, а потоа ја задушил, се појаснува во соопштението.