Во Мирковци удрен малолетник на велосипед
На крстосницата од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„9“ во село Мирковци, вчера товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Д. (57) од Велес, удрило во велосипед управуван од 15-годишен малолетник од Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи