Кривична пријава за дебранецот кој обиде да силува сограѓанка
Поради постоење основи на сомнение за обид за силување, Одделението за внатрешни работи во Дебар поднесе кривична пријава против Б.Д. (33) од Дебар. Тој, на 22 овој месец околу 22 часот, беше приведен и лишен од слобода откако претходно влегол во домот на 42 годишна жена, жителка на Дебар, по што се обидел да го изврши казненото дело, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид