37 годишен ловџија повреден од заскитан куршум
Во Полициската станица Крива Паланка вчера околу 13:00 часот било пријавено дека на место викано „Петини рид“, атар на село Луке, кривопаланечко, М.Д.(37) од Крива Паланка, додека бил на лов, бил погоден од залутано зрно и се здобил со тешки телесни повреди.