Притворен гостиварец кој бил во бегство за поседување марихуана и кокаин
Дваесет и две годишен гостиварец вчера е лишен од слобода и му е одреден 30-дневен притвор, откако Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против него поради сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.