Кривична пријава против пет лица за бесправна сеча на шума
Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.У. (38), О.Ф. (55), О.Н. (54), А.Ф.(38) и Б.Ф. (56), сите од гостиварското село Орќуше, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шума“ и „кражба“ на дрва.