Повредените во сообраќајката кај Неготино-Градско надвор од животна опасност
Тројцата повредени во сообраќајката на автопатот Неготино-Градско, кои беа пренесени во Велешката општа болница, се надвор од животна опасност. Полесно повредениот е пуштен на домашно лекување, а двајцата потешко повредени се задржани во Велешката болница.