Во сообраќајката пред Собрание учествувал заменик-министерот за култура, Лазовски
Во сообраќајната несреќа која што се случи попладнево на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски“ во Скопје а во која е повреден мотоциклист, медиумите пренесуваат дека во истата учествувал заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски.