Камион се преврте на автопатот Демир Капија-Миравци, возачот тешко повреден
Товарно возило излетало од автопатот Демир Капија – Миравци после тунелот кај месноста викана „Јаворица“, синоќа околу 19.30 часот, при што тешко е повреден возачот, соопшти денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.