Во дом на битолчанец пронајдени пушки, пиштоли и муниција
Како што соопшти МВР, при претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени: еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол, 72 парчиња ловна муниција, еден куршум калибар 7. 65мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.