Штипјанец во заложништво држел жена и нејзините две малолетни деца
Дваесет и шест годишниот А.М од Штип заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела, информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Тој во залошништво држел 24-годишна жена и нејзините две деца, истовремено извршил и обљуба врз неа, а нападнал и полициски службеник.