Фатен на дело: Крушевчанец подметнувал пожар во шума во село Врбоец
Вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола од слобода бил лишен Ѓ.Н.(19) од село Врбоец, крушевско, поради тоа што бил забележан како подметнува пожар околу 10:40 часот во атар на село Врбоец, при што била опожарена ниско и високостеблеста дабова и букова шума.