Гори нискостеблеста шума во липковско и кумановско
Екипите на кумановската подружница на „Македонски Шуми“, утрово со две екипи на вработени се обидуваат да го локализираат пожарот што избувна вчера попладне во липковско, кај селата Руница, Думановце, Белановце и Брест. Во пожарот зафатени се стрништа и нискостеблеста шума.