Запалени стрништа и акциска контрола на автобуси и комбиња низ истокот
Запалените стрништа низ источниот регион продолжуваат да прават штети на земјоделските култури, но и на објектите. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информира дека вчера во 13:35 часот во Полициската станица Кочани, В.В.(57) од Кочани пријавил дека истиот ден околу 12:00 часот во место викано „Дедомилева чешма“, атар на село Тркање, Кочанско, со пожар бил зафатен деловен објект, сопственост на З.В.(58) од Кочани.