Кривична пријава за едно лице во чија близина се пронајдени 49 килограми марихуана
Во близина на регионалниот пат Охрид– Свети Наум, кај место викано „Колиби 2“, вчера во 11.30 часот полициски службеници пронашле четири торби во кои имало 49 килограми марихуана, а во нивна близина бил затекнат A.Џ.(21) од Поградец, Република Албанија.