Во Кавадарци украдени педесет дрвца орев
Педесет и тригодишниот кавадарчанец Љ.С. пријавил во полиција дека пред Прочка, од нивата во месноста Корија, атар на кавадаречкото село Ресава, му украле педесет пресно садени ореови дрвца. Информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.