Во еден ден откриени над 30 автобуси и комбиња со неисправни сопирачки и системи за управување
Во вчерашната контролна акција на сообраќајната полиција низ полошките сообраќајници, откриени се над триесет технички несправни автобуси, комбиња и минибуси кои вршат превоз на патници. Констарано е дека секое петто возило било со несправни сопирачки и уред за управување. Од сообраќај биле исклучени 34 возила.