Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека надлежен јавен обвинител донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.
Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против седум лица инволвирани во случајот во Шуто Оризари каде беа нападнати три лица од кои двајца полицајци.
Триесет и двегодишен возач синоќа со товарно возило “ман” удрил во транспортната лента за руда на “Фени”, па со телесни повреди завршил во кавадаречката болница.
Шеесет и шестгодишен кавадарчанец се здобил со тешки повреди вчера по удар од патничко возило „лада” на пазарот во Кавадарци.
На булеварот „12 Македонска бригада“, пред полициската станица во скопската населба Лисиче, утрово во сообраќајна несреќа тешко е повредена жена која итно со амбулатно возило е пренесена во Ургентниот центар.
Основното јавно обвинителство достави обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 и предлог да се продолжи мерката притвор за лице од Бутел во чиј дом биле пронајдени 295,3 килограми марихуана.
Во текот на вчерашниот ден се случиле вкупно 14 сообраќајни несреќи, во кои едно лице се здобило со тешки , а 11 лица со лесни телесни повреди.
СВР Велес информираше дека во изминатите два дена полицијата во два одвоени случаја пронашла два трупа- на 36.годишен маж и на 60.годишна жена во нивните станови. Врз телата не биле најдени траги на насилство.
Приведени се седум лица за нападот над двајца полициски службеници во скопската населба Шуто Оризари.
Утрово во 6,30 часот на патот Неготино – Велес во близина на наплатната рампа од патот излетало возило при што со лесни телесни повреди се здобиле две лица.