Кривични пријави за седум лица за кражба во винарска визба во Гевгелија
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ поднесе кривична пријава против скопјаните Н.В (46) и М.Р (49), а кривично пријавени се и лицата И.В (52), С.А (59), А.Х (25), Б.Ѓ. (53) исто така од Скопје и Б.И (53) од Прилеп, поради сомневање дека помогнале во извршувањето на кражбата во винарска визба во Гевгелија.