Богата заплена на царината, шверцувани и препарати за потенција
Во текот на последната недела од 2018 година и новогодишните и божиќните празници, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани моторцикл, скутер, делови за возила, фотокопир, гасен пиштол, препарати за потенција, алкохолни пијалоци, алат, електричен кабел, облека, лап-топ компјутери и фалсификати.