Продавачи на балони со секира направиле хаос во кафаена на улицата Боемска во Скопје
На 28.12.2018 околу 20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Боемска“ бил нарушен јавниот ред и мир од страна на три лица кои нуделе балони. Откако гостите И.В. (29), А. Б. (43) и А. Х. (42) им кажале на лицата дека не се заинтересирани, побарале од персоналот во објектот да ги отстрани лицата, што и било направено.