Филмски грабеж на златара во Прилеп (Видео)
Три, засега се уште непознати и недостапни лица за Полицијата, утринава околу 8.30 часот извршиле вооружен грабеж во златарница во срцето на Старата прилепска чаршија. Во моментот на грабежот, во златарницата била само сопственичката која штотуку го отворила дуќанот и од сефот го вадела златото.