Запленети 60 кг марихуана, уапсени тројца државјани на Албанија
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, со поддршка на ОСПО, ноќеска пресекле уште еден меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, при што се запленети околу 60 килограми марихуана и од слобода се лишени тројца државјани на Албанија.