Кривична пријава против две лица за шест разбојништва низ Скопје
Имено, наведува МВР, на 18-ти овој месец во близина на продавница на булевар „Кузман Јосифовски Питу” со намера да извршат кривично дело затекнати се пријавените лица, по што се лишени од слобода. При преглед над пријавените пронајдени се еден пиштол-запалка и други предмети што ги користеле при извршување на кривичните дела.