Оружје и марихуана пронајдени при претреси во домовите на неколку скопјани
Единицата за недозволена трговија на СВР Скопје вчера извршила претреси во домовите на неколку лица од градот со цел откривање и докажување на кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.