Малолетници со уцена на социјална мрежа зеле 6.000 евра
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од село Отља, кумановско, и против уште еден 16-годишен малолетник од село Слупчане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, во врска со кривично дело „соучесништво“.