Полиција откри 185 килограми марихуана во викендичка
Во викендичка во населбата Суви Лаки на планината Огражден, сопственост на М.П.(63) од Струмица, полицијата откри 185 килограми марихуана, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.