Тетовец денеска испукал од пиштол неколку куршуми во воздух при што за среќа немало повредени лица и не била причинета никаква материјална штета, информираа од СВР Тетово.
Ресторан на улицата „Дане Карпчев“ бр. 1 во скопската населба Дебар Маало ноќеска околу три часот изгоре во пожар. Опожарени се 250 метри квадратни површина.
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство.
Еден пешак и еден возач на мопед се здобиле со тешки телесни повреди, а десет лица со лесни телесни повреди во 20 сообраќајни несреќи што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 12 сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.
Синоќа, Н.Ц. (27) од Скопје пријавила дека во петокот околу 20 часот, на ул. Козле, нејзината двегодишна ќерка била касната од куче.
Грабеж во маркетот „Клас” во Делчево се случил синоќа во 2 часот по полноќ. Како што изјавија сопствениците, крадецот кој најверојатно влегол преку мал прозорец во објектот, успеал да украде 35.000 денари од касата.
На паркингот кај МТВ во Скопје, утрово во 8:05 часот биле искршени стакла на шест возила, сопственост на УБК и на едно возило сопственост на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, соопшти МВР.
Дваесет и седумгодишно момче од Холандија ноќеска било нападнато во ноќен клуб во Скопје.
Возило ноќеска е опожарено на ул. „Јуриј Гагарин“ брј 56 во скопската населба Козле.