Малолетници од тетовско осомничени за 13 тешки кражби, кражби и обиди за кражби во текот на летото
Против тројца малолетници, двајца од Тетово и еден од Озормиште, СВР Тетово поднесе кривична пријава поради основано соменение дека се сторители на 13 кривични дела од кои шест „тешки кражби“, три „тешки кражби во обид“ и четири „кражби“, информираа од тетовската полиција.