Сообраќајот без забрани, намалена видливост на патот Тетово-Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка од село Гајре до село Лисец. Слаб дожд врне низ цела држава.